СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
НОВИ СТРАТЕГИИ НА КФСМ ЗА ПЕРИОДОТ 2025 - 2029
Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ), врз основа на заклучоците од состаноците со екипите од сениорските лиги:
- Прва лига - мажи, 10.06.2025 година,
- Втора и Трета лига - мажи, 02.07.2025 година, и
- Прва А и Б лига - жени, 04.07.2025 година, како и
врз основа на сеопфатна анализа на младинските и сениорските лиги, како и на финансиските и административните обврски на клубовите од минатите натпреварувачки сезони, ја објавува новата стратегија за стабилен и квалитетен натпреварувачки систем во периодот 2025 - 2029 година.
Во анализата беа активно вклучени:
- Канцеларијата за младински лиги,
- Канцеларијата за сениорски лиги,
- Канцеларијата за архива и администрација (во делот на долговите на клубовите кон федерацијата).
Целта на оваа стратегија е да се обезбеди:
- системски развој,
- јасни насоки за напредок,
- фер и дисциплинирано натпреварување.
МЛАДИНСКИ ЛИГИ - КОНТИНУИРАН РАЗВОЕН ПАТ
МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18, како и М20 - реактивирана како развојна лига, мост кон сениорската конкуренција.
- Целта е да се обезбеди квалитетна подготовка на младите играчи пред влез во сениорска
кошарка.
ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18 лиги.
Со оглед на мал број на женски сениорски екипи и природната интеграција на девојките од 19 - 20 години во тие тимови, не се предвидува посе vбна М20 женска лига под капата на КФСМ.
СЕНИОРСКИ ЛИГИ - ПОФОКУСИРАН СИСТЕМ
МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
1. СУПЕР ЛИГА (поранешна Прва лига):
- Сезона 2025/26: 12 екипи,
- Од 2026/27: 10 екипи.
- Право на настап:
- 4 (четири) странски играчи (максимум 3 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј - оф).
2. ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА (поранешна Втора лига):
- 12 екипи според пласманот од 2024/25;
- екипи од Третата лига со посебна покана (wildcard), доколку ги исполнат условите од лиценцниот систем;
- Право на настап: 1(еден) странски играч.
3. АМАТЕРСКА ЛИГА (поранешна ТРЕТА ЛИГА):
- Ќе функционира како посебна сениорска лига;
- Одвоена од М20, која преминува под младинскиот натпреварувачки систем.
ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
1. ПРВА ЛИГА:
- Сезона 2025/26: 8 екипи,
- Од 2026/27: 8 екипи.
- Право на настап:
- 3 странски играчи (максимум 2 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј - оф).
2. ВТОРА ЛИГА:
- 5 екипи според пласманот од 2024/25 и секоја новопријавена екипа;
- Право на настап:
- Двојна лиценца (согласно пропозициите на КФСМ).
ПРИЈАВУВАЊЕ - ЈАСНИ ЧЕКОРИ ЗА УЧЕСТВО
Сите клубови - без исклучок, стари и нови, должни се да достават писмена пријава за учество за сезоната 2025/26:
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА СЕНИОРСКИТЕ ЕКИПИ Е ВО ПЕРИОДОТ ОД 07 ДО 11.07.2025 година.
По овој рок започнува втората фаза, во која секоја екипа ќе треба:
- Да ги пријави играчите, тренерите и домашните сали;
- Да ги подмири сите претходни долгувања кон федерацијата.
УРЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
Екипите кои:
- Ќе достават комплетна документација;
- Ќе ги исполнат критериумите;
- Ќе ги подмират обврските навреме;
ќе бидат промовирани како активни, со лиценца и медиумска видливост.
За сите останати екипи ќе биде дадена временска рамка да ги дозавршат своите обврски.
СТАНДАРД ЗА СИТЕ - БЕЗ ИСКЛУЧОК
Новите правила важат еднакво за сите - без фаворизирање, без исклучоци, без компромиси.
Само екипите што ќе ги исполнат сите критериуми, ќе добијат дозвола за настап.
ФОРУМИ НА СОРАБОТКА СО КЛУБОВИТЕ - ЈАВНО ПРОМОВИРАЊЕ
Во втората половина на јули, КФСМ ќе организира дополнителни средби и презентации со сите пријавени екипи, каде ќе бидат детално објаснети:
- Новите лиценцни критериуми;
- Финансиските и организациските обврски;
- Стандардите за сали и др.
ЗАКЛУЧОК - РЕФОРМАТА НЕ Е ЗАКАНА, ТУКУ ШАНСА
Кошарката нема време за импровизации.
Овој стратешки зафат е:
- Потребен за стабилност;
- Спроведлив за сите;
- И неопходен за иднината.
Само сериозни клубови со сериозен пристап ќе ја направат македонската кошарка:
- Поорганизирана;
- Попривлечна;
- И повреднувана - без разлика на рангот или конкуренцијата.
Време е да се изгради систем - не за моментален успех, туку за трајна вредност.
Со почит,
Кошаркарска федерација на С. Македонија