09.04.2020

СОСТАНОК НА ЕВРОЛИГА: ЖЕЛБА Е СЕЗОНАТА ДА БИДЕ КОМПЛЕТИРАНА

Денеска е одржан нов состанок челниците на Евролигата како би се дефинирала ситуцијата условена со појавата на корона вирусот (COVID-19).

 

Впечаток е дека и понатаму не се случило ништо важно во најсилните европски натпреварувањана.

Најважната работа е дека и понатаму постои договор сезоната во Евролигата и во Еврокупот да биде комплетирана.

На овој состанок, Евролигата ги донесе следните одлуки:

-Да се продолжат единствените разговори на ниво на лигата заедно со Асоцијацијата на играчи на Евролигата и Асоцијацијата на тренери во Евролигата, како би се дошло до договор со двете асоцијации

-Да се продолжи работата на пронаоѓање на алтернативни решенија кои би можеле да дозволат да биде комплетирана сезоната во Евролигата и во Еврокупот. А во исто време да бидат обезбедени адекватни здравствени и сигурносни мерки за играчите и за останатите учесници на тие настани.

-Да се работи на заедничките цели на средни и на долги патеки како би се минимализирале негативните економски ефекти кои ги донесе корона вирусот, и да се забрза опоравувањето на клубовите.

-Да се продолжи со кампањата #EUROLEAGUEUNITED со што Евролигата да биде што е можно поблиску до секој клуб и навивач генерално.

-Да се одржуваат, периодично, онлајн состаноци помеѓу раководството на лигата и луѓето кои се занимаваат со кошаркарските операции во клубовите, луѓето кои се со професионален ангажман, во делот на финансии, правото, маркетингот и комуникациите. Се со цел да се делат информации и да се координира со напорите на сите клубови.