04.06.2017 Сениорската национална селекција на Република Македонија во женска конкуренција со две победи од три натпревари го заврши пријателскиот турнир организиран од МКФ. Синоќешниот пораз од Јапонија, избраничките на Марјан Лазовски не дозволија да им влијае ниту на самодовербата ниту пак на концентрацијата на теренот. Младите кошаркарки на Босна и Херцеговина имаа сили да им се спротивстават на Македонките само во првиот дел од натпреварот, за да потоа настане апсолутна доминација на теренот на нашите репрезентативки. Во финишот, Македонија слвеше со 72-60. Стрелци на натпреварот: Македонија: Гивенс (16), Антиќ (19), Трајчевска (10) Босна и Херцеговина: Ковачевиќ (14), Брчаниновиќ (21), Марковиќ (13)