Со пролонгирање од неколку дена од датумот за почеток, ќе стартува новата сезона во SPARKASSE LIFE Првата лига во женска конкуренција
И по нешто изменет систем ќе се натпреваруваат осумте екипи во сезоната која е пред нас.
Во оној прв дел ќе се игра според двокружен бод-систем, односно секоја екипа ќе одигра по 14. натпревари во исто толку првенствени кола. По завршување на првиот дел, сите осум екипи играат уште еднаш, еднокружно, односно уште седум првенствени кола. По завршувањето на вториот дел (одиграни вкупно 21. кола), се прави конечна табела, според која, последнорангираната екипа ( осмо место) испаѓа во Втора лига – жени за наредната натпреварувачка сезона 2026/2027.
Следно, согласно системот за натпреварување е плеј-офот, во кој првите четири екипи играат полуфинале (серија „подобар од три натпревари“, по систем 1-1-1) и финале (серија „подобар од пет натпревари“, по систем 2–2–1) со домашна предност на подобро рангираната екипа.
Титулата, веќе неколку сезони по ред, ја брани екипата на Баскет кам.
Девојките од Македонска каменица веќе освоија еден пехар, оној наменет за победникот во Супер купот „Драган Василов-Цевка“, каде беа подобри од екипата на Вардар.
Не правеа големи измени, посебно не во оној играчки ростер, кој е скоро па идентичен со оној кој лани стигна до шампионскиот трофеј.
Најголемата промена е во стручниот штаб, каде Тони Симиќ ја наследи Жаклина Стојановска на првата тренерска позиција.
Оттука извесно е дека и очекувањата не се доволно изменети кога се зборува за Баскет кам.
Симиќ има на располагање една репрезентативна стартна петорка во која се Кметовска, Димова, Адамовска, Поп-Димитровска и Максимовска, која треба да го изнесе товарот и во новата сезона, во која се очекува главната конкуренција да им бидат неколку екипи.
Во прв ред онаа од Крива паланка, екипата која има нова странска „поддршка“, составена од три кошаркарки, Алексис Пул, Аби Нијхуес, Даја Грин кои своите квалитети ги најавија и со првите настапи, и победи во ВАБА 2 лигата.. И кои треба да им помогнат во играчкиот раст на Тамара Ѓоргиевска, и Глорија Груевска, сето тоа, секако, со помош од капитенот Михаела Алексовска.

Вардар, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, се чини, барем на почетокот на сезоната. ќе биде и единствената екипа која ќе се потпре на својот, домашен играчки кадар. Односно тренерот Александар Ашаданов и неговите соработници ќе се обидат да направат нов добар резултат, со Елена Тасевска, Моника Зафировска, Марија Митева, како предводници, и најголем дел млади репрезентативни имиња, кои се дел од младинските национални селекции. Јана Пислевска, Теа Трајковска, Мила Начевска…
Во таа „категорија“ е веројатно и екипата на Бадел 1862, која исто така, не менуваше многу во паузата меѓу двете првенствени сезони.
„Новитет“ е враќањето на Ива Чолакоска (беше на школување во САД), што значи дека одново играта на „баделки“ во голема мерка ќе зависи од игрите на Марија Николов, Јована Петрушевска, односно Мартина Маркоска и Јована Димковска.
МЗТ Бела вода тргнува во новата сезона со неколку младонски репрезентативки, и со најава за ангажман на странски кошаркарки кои треба да донесат дополнителна стабилност во играта на младиот тим.
Извесно е дека тренерот Горан Крстевски ќе очекува најмногу од оние кои летните периоди ги користат за настап (и) во младинските репрезентативни селекции. Тоа се однесува за Дора Алексова, Ана Сарафилоска, Вања Милосављевиќ.
Странски засилувања има и екипата на Пробаскет. Во екипата од Кавадарци оваа сезона ќе играат Милица Јовановиќ и Кејла Томас, кои треба да се и најголема поддршка за другиот дел од екипата на тренерот Атанас Димов, во обидите да се дојде до подобар резултат во оние 21. првенствени кола.
Истото се однесува и за нивните соседи од Неготино, екипата на Спорт тим. За што подобро остварување во новата сезона, тренерот Игор Шарац ќе има на располагање и две кошаркарки од странство, затоа што на пријавната листа се ставени Ана Лукиќ,и Тамара Веселиновиќ, кои со своето искуство ќе треба да им помогнат на оние млади сили во ростерот за кои играњето во Првата лига ќе биде од голема корист.
Еден од најмладите ростери во лигата ќе има екипата на Патриот 2016 од Делчево. Три кошаркарки, кои се водат како „најстари“ се родени 2006 година, додека добар дел од другите се дури пет години помлади.
Во таа насока, како и онаа за што подобра конкурентност со другите екипи од Првата лига. е и решението на стручниот штаб кој го предводи Љупчо Петровски, на овој состав да му бидат придодадени и кошаркарки „од надвор“.
Поради препораките на Министерството за внатрешни работи, и претстојните локални избори, наместо овој викенд, натпреварувањето ќе стартува на 20. октомври (понеделник), кога ќе се одиграат три натпревари, Вардар - Спорт тим, Крива паланка–Патриот 2026 и Пробаскет-Бадел 1862, додека еден меч е закажан за 22. октомври (среда), во кој ќе се сретнат екипите на МЗТ Бела вода и Баскет кам.

SPARKASSE LIFE – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
20. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
19.00: Крива паланка – Патриот
Сала „Бранители 2001“ – Крива паланка
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/B9ADU1cirNw?si=c32l2WcHluJsBah0
19.30: Пробаскет – Бдел 1862
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OW9Tq6f1R6I?si=rKR8T42qPM9hcv8w
20.30: Вардар – Спорт тим
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/G6xHfbjsTyQ?si=Gz5UwEIozRWUuL3d
22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.30: МЗТ Бела вода – Баскет кам
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/AD5G__3AC0g?si=ZIjWFAV6gyei4FAo
СОСТАВИ НА ЕКИПИ ВО „ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - СКОПЈЕ
Jана Петрова, Дора Алексова, Tеодора Мариновска, Ана Сарафилоска, Ива Згонц, Jована Димовска, Ева Стојковска Палевска, Ангела Анѓелеска, Нина Карајованова, Ангела Наунова, Илина Трајчева, Теона Ристовска, Вања Милосављевиќ
БАСКЕТ КАМ 2011 – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Сара Максимовска, Цветанка Димова, Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Ивана Кметовска, Ана Ѓоргиевска, Александра Божинова, Ива Дојчинова, Ива Стојковска, Стефани Јанева, Тамара Атанасовска, Јоана Фудулски, Дариа Захариева, Теа Алексовска, Стефанија Лазарова
ПРОБАСКЕТ - КАВАДАРЦИ
Теа Митрева, Сара Петровска, Софија Стоева, Мартина Блажевска, Лилјана Ѓорѓиева, Јорданка Бошкова, Бранкица Мегленова, Душица Мицева, Цветанка Спасова, Бојана Сапунџиева, Ангела Мегленова, Борјана Грижева, Дијана Ѓорева, Александра Богојевска, Лилјана Велковска, Милица Јовановиќ (странец), Кејла Томас (странец);
БАДЕЛ 1862 - СКОПЈЕ
Ива Чолакоска, Зара Стојковска, Јована Петрушевска, Љубица Бошкова, Мартина Маркоска, Јована Димковска, Марија Николов, Јана Чолакоска, Нена Китановска, Лара Малиновска, Ива Димитријевиќ. Дарија Панкова, Теодора Стевановска, Кјара Анастасова;
КРИВА ПАЛАНКА
Михаела Алексовска, Тамара Ѓоргиевска, Глорија Груевска, Невена Стефановска, Мила Илијевска, Антонија Тодоровска, Мила Стојановска, Мелани Бошковска, Евгенија Вучевска, Нена Стојановска, Матеја Стефановска, Николина Дојчиновска, Алексис Пул, Аби Нијхуес, Даја Грин
ВАРДАР - СКОПЈЕ
Моника Зафировска, Елена Тасевска, Лиле Миткова, Марија Митева, Јана Кукунешоска, Марија Димитровска, Мила Начевска, Илина Несторовска, Бојана Николиќ, Мартина Џангаровска, Јана Пислевска, Теа Трајковска, Ангелина Николиќ, Ангела Тасовски
ПАТРИОТ 2016 - ДЕЛЧЕВО
Ана Ангеловска, Теодора Атанасовска, Радмила Стоименовска, Мелани Стоименовска, Ана Глигорова, Тамара Гоцевска, Сара Атанасовска, Анастасија Ќурчиска, Марјана Јовановска, Ива Манова, Тамара Тошевска, Сара Атанасова, Магдалена Чипова (странец), Преслава Људмилова (странец), Ина Рашива (странец);
СПОРТ ТИМ - НЕГОТИНО
Ангела Крстева, Сузана Трајкова, Нина Смилкова, Леона Тодорчев, Елена Коцева, Верица Јовановиќ, Ивона Леова, Гордана Димова, Елена Динова, Снежана Витановска, Теона Стојова, Елена Костова, Сара Митановска, Ана Лукиќ, Тамара Веселиновиќ;
* Составите се според актуелните листи на одобрени играчи за натпреварувачка сезона 2025/2025
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – „ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026