Кошаркарките на Баскет кам ја запишаа првата победа во новата сезона, откако вечерва беа подобар противник од екипата на МЗТ Бела вода
МЗТ БЕЛА ВОДА – БАСКЕТ КАМ 53:69
Имаше актуелниот првак одличен вовед во натпреварот, односно минути во кои рано обезбеди и висока предност, која по десет минути изнесуваше 14.поени (21:7).
Не застанаа избраничките на тренерот Тони Симиќ, напротив, и во втората четвртина настојуваа таа разлика да ја направат и недостижна за младиот состав на МЗТ Бела вода.
На полувремето фаворитот веќе имаше големи (43:21).
Па во продлжението Симиќ се обидуваше да им даде шанса и на кошаркарките од клупата за резерви како Дојчинова, Хафналуи и Божинова.
Сепак, на крајот од мечот, во преден план „излегоа“ 28.поени и 8.скока на Димова, двојниот ефект на Поп Димитровска од 10.поени и 10.скока (плус и две асистенции), како и 26 скока колку што комплритраа Кметовска и Адамовска.
Кај МЗТ Бела вода, малку поинакав распредлеба на поените. Најмногу, 13, даде најновото засилување од САД, Корли, Мариновска даде 12, Димовска имаше 11, а Алексова уште 10.поени,
SPARKASSE LIFE – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
МЗТ Бела вода – Баскет кам 53:69
Крива паланка – Патриот 2016 103:44
Пробаскет – Бадел 1862 83:87
Вардар – Спорт тим 94:50
ТАБЕЛА: Крива паланка 2, Вардар 2, Баскет кам 2, Бадел 1862, Пробаскет 1, МЗТ Бела вода 1, Спорт тим 1, Патриот 2016 1;
ИДНО КОЛО (25/26/29.10)
Спорт тим – Пробаскет
Патриот 2016 - Вардар
Баскет кам – Бадел 1862 (26.10)
МЗТ Бела вода – Крива Паланка (29.10)