25.05.2017 Македонската кошаркарска федерација и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје неодамна ја обновија меѓусебната соработка потпишувајќи Меморандум, а веќе претстојниот викенд ќе започне да се реализира еден од предвидените проекти. За првпат во историјата на кошаркарскиот спорт ќе бидат изведени специфични мерења и тестирања на функционално-моторички способности кај млади кошаркари и кошаркарки. Овие таканаречни „скенирања“ ќе служат за детектирање на евентуални недостатоци кај младите кошаркари и давање на конкретни насоки за елиминирање на истите. Генерацијата до 15 години ќе биде првата на која ќе се изведат специфични тестирања, а понатаму на истите ќе бидат подложени и кошаркарите до 14 години како и кошаркарите и кошаркарките до 16 години. Мерењата и тестирањата ќе ги спроведат професорите при ФФОСЗ Борче Даскаловски и Александар Ацевски и истите ќе се одржат в сабота (27. мај, 2017 година) во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) со почеток во 14:00 часот. СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА МЕРЕЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ Миловановиќ Марко Наумовски Давид Величковски Марко Трајковски Славко Шумениковски Бранко Груевски Никола Јаневски Васил Стошиќ Богдан Савичевиќ Лука Јовановски Стефан Цветков Јован Стојмановиќ Драго Столески Кристијан Богдан Мирковски Љубиша Димитровски Андреј Андоновски