29.12.2023

Признание за четврт век работа во Македонската кошаркарска федерација

Специјална креација со бројот „25“ за Горан Трпушевски

Мало изненадување приреди раководството на нашата федерација на оваа голема свеченост во хотелот „Хилтон“. Како вовед на настанот, претседателот Перо Антиќ во името на федерацијата на поосебен начин одбележа еден навистина редок јубилеј.

Со специјално дизајнираниот дрес со бројот „25“, дојде заслуженото признание, за исто толку години работење на Горан Трпушевски во Македонската кошаркарска федерација.

Честитки за „дваесет и петката“ за популарниот „Трпе“ од комплетната екипа на Македонската кошаркарска федерација!