29.12.2023

Посебно признание и за кошаркарските атлети од спортската организација

„Специјална Олимпијада“ и федерацијата секојдневно  покажуваат дека нема граници и бариери во спортот

„Специјалната Олимпијада Македонија“ има посебно место во плановите на Македонската кошаркарска федерација, која на свеченоста во која се потврдуваат најдобрите во годината која ја оставаме зад нас, доби посебно признание. Како што кажа, претседателката на ова аорганзиација, Моника Бошкоска, специјално:  

„Бидејќи сме специјални, оваа награда е навистина специјална. Горан и Ања се вечерва со нас затоа што тие беа дел од 3Х3 екипата ‘Јунифајт’ која што во Тирана го освои второто место.

Инаку на овогодинешната светска Олимпијада, исто така имавме и микс, женска екипа, која го освои високото четвртто место. И сите овие регионални и светски награди само докажуваат колку е кошарката популарна кај нашите атлети. Се надевам дека федерацијата ќе остане доследна како и досега. И дека со оваа соработка ќе успееме да докажеме дека нема граници и бариери за спортот“ – порача Бошкоска.