30.11.2019 КФСМ и Специјалната Олимпијада ја одбележаа европската кошаркарска недела со настан кој ја поттикнува свеста кај граѓаните за што поголема инклузија на лицата со попреченост. Во спортската сала „Кале“ КФСМ и Специјалната Олимпијада одржаа турнир помеѓу екипи кои играа unified 3х3 баскет. Партнери на екипите беа кошаркари и кошаркарки кои долго време соработуваат со Специјалната Олимпијада, најдобриот македонски баскетџија Ервин Цого, едне од најдобрите европски баскетџии Данило Мијатовиќ, а посебен партнер на една среќна екипа беше Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ. Воедно, во рамки на оваа недела на европската кошарка се одбележува и меѓународниот ден за лица со попреченост, 3. декември.