05.07.2021

Подготовките ќе стартуваат на 10. јули, а предводникот на сениорите, Драган Бајиќ прво ќе ги провери младите надежи.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА МУНДИЈАЛОТ: Селекторот Бајиќ ќе ги провери сите расположиви сили за сениорскиот национален тим

Драган Бајиќ, селекторот на македонската сениорска репрезентација, сака да има комплетен увид во моменталната состојба на македонската репрезентативна кошарка.

За таа цел, новиот предводник на нашиот национален на првиот ден предвиден за почеток на подготовките за она што следува во август, сака на едно место да го има комплетниот македонски репрезентативен потенцијал.

На списокот се најдоа имињата на нашите млади репрезентативци, актуелни членови на селекцијата „Под 20“ и онаа „Под 18“ години.

Од десет часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“, селекторот Бајиќ и неговите соработници ќе го проверат сиот тој играчки потенцијал, а два дена подоцна, дел од овие млади кошаркари ќе му се прилучат на сениорскиот национален тим.   

На првиот тренинг, планиран да се реализира во салата на СЦ „Јане Сандански“, се повикани:

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка)

Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Ефремовски (Работнички)

Валмир Какруки (Навико Академија ФМП)

Андреј Настовски (Црн Дрим)

Андреј Митревски (ТФТ)

Иван Волкановски (Куманово 2009)

Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија)

Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија)

Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

Машката сениорска репрезентација оваа година учествува во група од претквалификациите за пласман на Светско првенство која ќе се одржи во периодот од 12. до 18. август во Скопје.

Официјалниот дел од подготовките на нашата најдобра селекција ќе започне на 12.јули, во 10. часот во салата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Покани за настап во претквалификациите за СК 2023 година, се испратени до следниве кошаркари:

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Горјан Марковски (Куманово 2009)

Дамјан Робев (Куманово 2009)

Љубомир Младеновски (Работнички)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)

Стојан Ѓуровски (ХЛА Аликанте – Шпанија)

Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)