26.04.2017 Тренерското трио во состав Мирко Петрески, Дарко Радуловиќ и Драган Миленковиќ го формира списокот на кошаркари, вкупно 34, кои ќе се борат за место во репрезентацијата до 20 години. Овие 34 кошаркари, со исклучок на тие кои настапуваат во странство, се повикуваат на селективен тренинг кој ќе биде одржан в недела (30. април) со почеток во 9:00 часот. Тренингот ќе се одржи во спортксата сала на Вардар (мала сала „Кале“). Тренингот ќе биде со времетраење од три часа. Сите кошаркари треба да бидат присутни во салата 30 минути пред почетокот на тренингот и со себе мора да понесат опрема за тренинг. Леонид Тодоровски (МЗТ С.А.) Петар Прентовиќ Мартин Милески (МЗТ С.А.) Бојан Георгиевски (Феникс 2010) Дамјан Робев (Вардар) Стефан Милески ((Вардар) Мики Димитриевски (Работнички) Георги Зафиров (Академија ФМП) Блажо Митков (Вардар) Кристијан Саздановски (Академија ФМП) Бојан Серафимов (Вардар) Дејан Србиновски (Вардар) Михајло Митев (Вардар) Виктор Ефремовски (Работнички) Андреј Маслинко (Работнички) Ранко Мамузиќ Миодраг Тодоровиќ (Куманово) Никола Кицев (Фени индустри) Георги Трајковски (Пелистер) Георги Георгиевски (Куманово) Никола Талевски (Пелистер) Драган Узуновски (АВ Охрид) Ненад Димитријевиќ Елвис Хот Димитар Пандев Стеван Глигоријевиќ (АВ Охрид) Оливер Двојаковски Давид Герогиев Петар Огњеновиќ Оливер Тасков Давид Пецалевски (Карпош Соколи) Стефан Донаковски (Карпош Соколи) Андреј Атанасовски (Карпош Соколи) Филип Ѓоргиевски (Карпош Соколи)