23.06.2017

Список на кошаркари повикани за прв собир на репрезентацијата до 16 години

Идната среда (28. јуни, 2017 година) националната селекција до 16 години во машка конкуренција ќе го одржи првиот собир со кој официјално започнуваат подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) кое од 10. до 19. август ќе се одржи во Софија, Бугарија. Селекторот Горан Ѓорѓиевски ќе ги прозива кошаркарите кои се изборија за место во националниот состав, а подготовките ќе се одвиваат во Скопје.

На распоредот на активности на оваа селекција во пресрет на континенталното првенство се и четири пријателски натпревари од кои два против соодветната селекција на Бугарија (19. и 20. јули), потоа против Косово (31. јули) и против Шведска (8. август). Сите пријателски натпревари ќе бидат одиграни во Република Македонија.

Собирот ќе започне во 11 часот и 30 минути, в среда (28. јуни) во малата сала на „Кале“, а кошаркарите МОРААТ да бидат подготвени за тренинг 30 минути пред почетокот на истиот.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР

1. АНГЕЛ ЈАНЕВ – ФЕНИКС
2. АДРИАН НАУМОСКИ – ВАРДАР
3. ДАРИО МИТЕВСКИ  –МЗТ
4. ДАМЈАН БОШКОВСКИ –ВИЗУРА БЕЛГРАД 
5. БОГДАН МИРКОВСКИ – ИТАЛИЈА
6. ЛУКА НАУМОСКИ – ВАРДАР
7. НИКОЛА ОРЛОВ –БАСКЕТ КАМ
8. ВИКТОР ИСАЈЛОВСКИ –ФЕНИКС
9. ЛУКА  САВИЧЕВИК – ВАРДАР
10. МАРКО МИЛОВАНОВИК – ВОДНО САНС
11. КИРЕ БЛАЗЕВСКИ –БАСКЕТ КАМ
12. АНДРЕЈ ЈАКИМОВСКИ –ИТАЛИА
13. НИКОЛА ХРИСТОВ –РОЛИНГ СТРУМИЦА
14. МАРТИН АНЧЕВСКИ –ВАРДАР
15. НИКОЛА КАЦАРСКИ –ФЕНИКС
16. СУАД КАРТАЛОВИК – БОРЕЦ ВЕЛЕС
17. ВЕНЦИСЛАВ КОЗАР - ФЕНИКС