04.06.2024

Младински Евробаскет, 13-21. јули, 2024 година

Список на кошаркари повикани за прв собир на репрезентација до 20 години

Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години односно на младинскиот Евробаскет, Дивизија А.

Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули.

Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни, 2024 година, во СРЦ Кале со почеток во 16:00 часот.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. Месец јуни ќе го комплетира со уште еден двомеч, против соодветната национална селекција на Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.

 

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Андреј Шошкиќ – Работнички
  2. Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
  3. Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
  4. Рубин Стефанов – Pescara Basket
  5. Алек Петкоски – Феникс 2010
  6. Петар Бошалески – Работнички
  7. Лука Димитриевски – МКК Куманово
  8. Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
  9. Ангел Кечовски – Ангели
  10. Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
  11. Петар Башоски – Blanca de Castilla
  12. Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
  13. Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
  14. Павел Иванов – Кожув
  15. Тома Стојаноски – Гостивар
  16. Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
  17. Метин Саити – Работнички
  18. Теодор Симиќ – Igokea