30.05.2018

Список на кошаркари повикани за прв собир на сениорска репрезентација

Сениорската репрезентација претстојниот јуни ќе го одиграат последниот натпревар од првата фаза претквалификации за Евробаскет 2021. Селекторот Јорданчо Давитков, за последниот натпревар кој ќе го одиграат на гостински терен против Швајцарија на 28. јуни, заедно со својот стручен штаб во состав Александар Јончевски и Љупчо Малинков го состави списокот на кошаркари кои треба да се појават на првиот собир.

Првиот тренинг на репрезентацијата ќе биде одржан на 11. јуни со почеток во 10:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР СЕНИОРИ

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Димитар Караџовски
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Бојан Крстевски
Кирил Николовски
Андреј Маслинко
Александар Штерјов