26.04.2017

Список на кошаркари за турнир во Букурешт како дел од проектот „Заедно до М16“

Тренерското дуо во состав Александар Јованчев и Мартин Атанасов го објавија списокот на кошаркари кои се повикани за вториот турнир во рамки на проектот на ФИБА насловен „Заедно до М16“. Првиот турнир се одржа на почетокот на оваа календарска година во Република Македонија, а вториот кој ќе започне на 27. април и ќе заврши на 30. април ќе се одржи во Букурешт, Романија.

Поаѓањето на репрезентацијата ќе биде в четврток (27. април) во 6:00 часот пред Дрводекор

Првиот натпревар на репрезентацијата на Република Македонија на овој меѓународен турнир ќе биде на 28. април против соодветната селекција на Бугарија со почеток во 16:00 часот.

Вториот турнирски ден, (сабота, 29. април) репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите со домаќинот Романија  во 14:00 часот додека последниот ден противник ќе им биде репрезентацијата на Косово (10:00 часот)

 

  1. Миловановиќ Марко
  2. Наумовски Давид
  3. Величковски Марко
  4. Трајковски Славко
  5. Шумениковски Бранко
  6. Груевски Никола
  7. Јаневски Васиол
  8. Стошиќ Богдан
  9. Савичевиќ Лука
  10. Јовановски Стефан
  11. Цветков Јован
  12. Стојмановиќ Драго
  13. Столески Кристијан