Националната селекција во женска конкуренција до 14 години претстојниот август ќе земе учество на меѓународниот турнир насловен како „Slovenia Ball“ во периодот од 16. август до 20. август.
Селекторот на оваа национална селекција, Жаклина Стојановска, заедно со членовите на стручниот штаб Кристијан Шумковски и Кире Анастасоски, направија неколку селективни тренинзи во Македонија по региони, а се одржа и првиот камп на оваа генерација која е дел од проектот „Заедно до М16“.
Во рамки на групата А, Македонија ќе разигрува со соодветните селекции на Хрватска, Израел, Летонија како и со домаќинот Словенија.
Првиот собир, во рамки на подготовките кои ќе водат до Slovenia Ball, националната селекција до 14 години ќе го одржи на 25. јули (среда) со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Независна Македонија“.
СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР
1. Нина Зафирова ЖКК Бадел
2. Дева Глигорова ЖКК Бадел
3. Ања Даниловска ЖКК Бадел
4. Елијана Граматикова ЖКК Бадел
5. Ана Ангеловска ЖКК Крива Паланка
6. Ксенија Петревска ЖКК Крива Паланка
7. Михаела Алексовска ЖКК Крива Паланка
8. Хана Авдиќ ЖКК Вардар
9. Мила Вељановска ЖКК Струга
10. Катерина Бицеска ЖКК Струга
11. Сара Шулеска ЖКК Струга
12. Тамара Гилева ЖКК Пелистер
13. Лиле Миткова ЖКК Трокал
14. Ивона Вељковиќ ЖКК Трокал
15. Ивана Велковиќ ЖКК Јуниор Битола
16. Кристина Ставревска ЖКК Јуниор Битола