Селекторот на нашиот женски национален сениорски тим, Владимир Ѓоровиќ, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во претстојниот, а воедно и последен, евроквалификациски циклус.
Во рамки на третиот ФИБА „прозорец“, нашите девојки ќе излезат на теренот против Летонија и против Хрватска, на 4. односно на 6. февруари.
Девојките ќе ја темпираат формата во Охрид, каде ќе одрботат седумдневни подготовки, а потоа ќе заминат за Летонија.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
1.Митрашиновиќ Анџелика (Будуќност-Црна Гора)
2.Стојановска Александра
3.Трајчевска Нена
4.Кметовска Ивана (Баскет КАМ)
5.Јоловиќ Драгана (Бадел 1862)
6.Лазареска Софија (Милано БС-Италија)
7.Пејковска Ивона (Вардар)
8.Адамовска Сања (Бадел 1862)
9.Антиќ Јелена
10.Димова Цветанка (Бадел 1862)
11.Стојановска Тања (Струга 2009)
12.Петрушевска Јована (Вардар)
13.Серафимоска Снежана (Дукуесне-НЦАА-САД)
14.Поп Димитровска Катерина (Баскет КАМ)
15.Бонер Девана (Конектикат-САД)
16.Кожобашиовска Ивона (Алгеро МБ-Италија)
17.Николиќ Матеа
18.Лазареска Сандра (Бадел 1862)
19.Секуловска Наталија (Ј.Аддисон-Канада)
20.Костова Стефани (Кампус Промете-Шпанија)
21.Атанасовска Матеа (Палаванестро В-Италија)
22.Димитријевиќ Марија (Бадел 1862)
23.Тасевска Елена (Палаванестро В-Италија)
24.Модева Габриела (Струга2009)