14.02.2024

Во првиот прозорец на ФИБА од квалификациите за Евробаскет 2025, на 23. февруари, ја пречекуваме Естонија, три дена подоцна, гости во Полска

Список на повикани кошаркари за прв собир на сениорска машка репрезентација

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави скратениот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“,  прв од квалификациите за Евробаскет 2025.

Првиот тренинг е закажан за 19.февруари.2024 (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Исто така, првите 30 минути од првиот тренинг на националниот тим ќе бидат отворени за претставниците на медиумите.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев - МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија - Шпанија

СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски