Женската младинска репрезентација ќе биде првата младинска национална селекција која ќе означи почеток на подготвителниот период. На 8. јуни, селекторот Јелена Антиќ заедно со своите стручни соработници ќе ги прозива девојките кои ќе се борат за место на листата од дванаесет кошаркарки за настап на континенталното првенство, закажано за в Скопје во периодот од 9. јули до 17. јули.
Македонската репрезентација е сместена во групата Ц заедно со соодветните национални селекции на Хрватска, Романија, Косово и Црна Гора.
Првиот собир е закажан за 8. јуни, 2022 година, во СРЦ Кале (голема сала), со почеток во 19:00 часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
1. Матеа Атанасовска – Basket Stabia
2. Матеа Николиќ – Cansas Athletic / Stella Azzura
3. Елена Тасевска – Баскет Кам 2011
4. Стефани Костова – CD Promete
5. Сара Максимовска – Бадел 1862
6. Камелија Игнатова – McCook Community College
7. Наталија Секуловска – Duquesne University
8. Теона Поп Стојанова – Dodge City Community College Conquisitadors
9. Илина Селцова – Peac-Pecs Hungary
10. Моника Зафировска – Баскет Кам 2011
11. Ива Чолакоска – Баскет Кам 2011
12. Марија Димитриjевиќ – Бадел 1862
13. Ана Цветковска - Вардар
14. Габриела Модева – USA College
15. Рина Салиу - Шкупи
16. Мартина Блажевска – Бадел 1862
17. Нина Зафирова – Вардар
18. Михаела Алексовска – Крива Паланка