06.10.2020

Карлос Алоцен од Сарагоса, е избран за најдобар млад играч во ФИБА Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020

Според „Еуробаскет“: Мекфејден е МВП на финалето, а Ленгфорд на сезоната

Само неколку дена по завршувањето на финалниот турнир од ФИБА Лигата на шапионите, светски познатиот кошаркарски портал „Еуробаскет“ го одбра и најдобрите поединци за сезоната 2019/2020.

Изненадувачки, екипата на Сан Пабло Бургос го освои шампионскиот трофеј на турнирот во Атина, а нивниот одличен бек, Тед Мекфејден е избран за најкорисен играч на турнирот.

Освен тоа „Еуробаскет“ го избра бекот на АЕК, Кејт Ленгфорд за играч на сезоната, а Карлос Алоцен од Сарагоса за најдобар млад играч за сезоната 2019/2020. За најдобар тренер пак е избран Орен Амиел од чешкиот првак, Нимбурк.

„Еуробаскет“ ги одбра и првиот и вториот тим на сезоната во ова натпреварување.

Во првата петорка се најдоа: Марселино Уертас (Тенерифе), Кејт Ленгфорд (АЕК), Војчех Хрубан (Нимбурк), Тешаун Томас (Хапоел Ерусалим) и Георги Шермандини (Тенерифе). Во втората пак се најде место за: Дилан Елис (Сарагоса), Витор Бените (Бургос), Кајл Вилтјер (Турк Телеком), Дишон Пиер (Динамо Сасари) и Мустафа Фал (Турк Телеком).