Дамјан Стојановски, актуелниот репрезентативец на Македонија и играч на МЗТ Скопје Аеродром е дел од елитната конкуренција во АБА 2 лигата.
Бекот на „металците“ и на нашиот национален тим е избран во вториот најдобар тим во АБА 2 лигата за оваа натпреварувачка сезона.
Освен него во изборот на најдобрите, има место и за неговиот клупски соиграч, Ѓорѓе Милошевиќ, кој е дел од идеалната петорка на лигата.
Покрај Милошевиќ во идеалните пет се уште и најдобриот играч во лигата за сезоната 2019/2020, Радован Ѓоковиќ од Борац од Чачак, уште еден екс-играч на МЗТ Скопје, Никола Павличевиќ, сега кошаркар на Сутјеска од Никшиќ, како и Павле Марцинковиќ (Сплит) и Филип Краљевиќ (Широки).
Во втората, освен Стојановски се најдоа и: Тони Перковиќ (Сплит), Никола Кочовиќ (Борац), Ненад Неранџиќ (Борац) и Исмет Сејфиќ (Сутјеска)
Играчот на Борац, Радован Ѓоковиќ е најдобриот бек, Павле Марцинковиќ најдобро крило, а Филип Краљевиќ најдобар центар во лигата за сезоната која е зад нас.
Најдобар тренер е Марко Мариновиќ од Борац од Чачак, новиот член на АБА конкуренцијата.