Андреј Јакимовски е меѓу петте најдобри млади кошаркари кои блеснаа во последниот „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство 2023.
Првпат по нешто повеќе од две години, играчот на Вашингтон Стејт заигра во сениорската репрезентација и на веднаш го покажа сиот свој раскошен талент. Во исто време најави дека во иднина ќе биде лидер на националниот тим.
„Јакимовски, кој игра во првата дивизија од НЦАА, беше еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Македонија и со најдобар ефект – 15,5 поени во просек на двата меча. Против Шпанија реализира 14, а со Украина 13 поени и 9 скока, како најава за она што следува од 21.годишниот кошаркар“- се вели во анализата на ФИБА.
Јакимовски беше еден од најдобрите играчи во младинските селекции на Македонија претходните години. Но во 2020 замина на колеџ, на Вашингтон Стејт Универзитетот и не беше во можност да игра за сениорската репрезентација.
Инаку, покрај Јакимовски, ФИБА ги истакна изданијата уште на четири други млади кошаркари: Рати Андроникашвили од Грузија, Тео Маледон од Франција, Хаиме Прадиља од Шпанија и Роко Пркачин од Хрватска.