Пет победи на екипите од групата „А“, но и една од оние кои се натпреваруваат во групата „Б“ против подобро рангирана екипа од себе, е исходот на првиот елиминациски круг од натпреварите во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.
Екипата на Спорт тим од Неготино стигна до победа против кавадаречки Пробаскет (70:63), и обезбеди пласман во четвртфиналето.
А таму ги чека бранителот на трофејот во ова натпреварување, екипата на Баскет кам која без особени проблеми стигна до победа против кавадаречки Јан Бор (72:45).
Пласман во четвртфиналето, очекуван, обезбедија и другите „А“ лигаши.
Патриот 2016 го победи Охрид (66:50), екипата на Бадел 1862 делуваше убедливо на гостувањето во Гостивар, (77:30), МЗТ Скопје победи на гостински терен кај Шкупи (100:66), а најубедлив настап во осминафиналето имаа кошаркарките на Вардар кои со резултат (102:26) го совладаа составот на Риниа.
КУП НА МАКЕДОНИЈА „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – ЖЕНИ
ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Јан Бор – Баскет кам 45:72
Гостивар 2009 – Бадел 1862 30:77
Риниа – Вардар 26:102
Охрид – Патриот 2016 50:66
Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром 66:100
Спорт тим – Пробаскет 70:63
*Екипите на Крива Паланка и Струга 2009 обезбедија директен пласман во следната натпреварувачка фаза
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Крива Паланка – Струга 2009
Баскет кам – Спорт тим
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Патриот 2016