28.07.2025

Домашната репрезентација стигна до сигурна победа (89:59)

Србија посилна од Македонија, во осминафиналето ќе играме со Шпанија

Македонската јуниорска сеелкција со пораз од Србија го затвори првиот круг од натпреварите на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“ години.

Третиот пораз во групата „Ц“ за ривал во нокаут-фазата ни ја донесе репрезентацијата на Шпанија, која заврши како првопласирана во групата „Д“.

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА  89:59

Нешто веќе видено, трет ден по ред, од страна на нашите јуниори на првенството во Белград.

Рано „влегување“ во резултатска негатива, уште во првиот период од играта, домаќините направија висока предност (24:8), тоа им овозможи многу порелаксирана игра на домашните кошаркари кои продолжија да играат ефикасно, и да ја зголемуваат позитивата која до полувремето беше за десет поени повисока (49:23).

По одморот, доста порамноправна игра од нашата репрезентација, во осум минути игра од третата четвртина, двете селекции поделија по 16.поени, за резултат (65:39).

Македонија го доби тој период од играта (21-18), намаливме на (44:67). А Јаничиќ и Ѓорѓевиќ беа нашите „двоцифрени“ играчи на теренот по 30.минути од овој последен натпревар во групната фаза.

Во последниот период, исто така конкурентна игра на македонските јуниори. На средина на четврттиот период, парцијално гледано, егал скор (11-11), односно (78:55) за Србија.

Капитенот Јаничиќ ја заврши оваа средба со 19. реализирани поени, Ѓорѓевиќ имаше 14.

По ден пауза, следува онаа елиминациската во која нашите јунори ги чека уште поголем предизвик. Да се обидат да изненадат против супер силната селекција на Шпанија, која имаше максимален ефект од три победи во групата „Д“.