Со триумфот на репрезентацијата на Србија против Велика Британија, познати се и сите 32 учесника на претстојниот планетарен шампионат кој од 25 август до 10 септември ќе се одржи во три различни држави, односно во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Извесно е дека ќе има четири дебитанти: Јужен Судан, Летонија, Грузија и Зеленортски Острови, а интересно е тоа што директен пласман имаат само два од трите домаќина: Јапонија и Филипини.
Репрезентацијата на Индонезија не го исполни условот на ФИБА, да се пласира барем во четвртфиналето на Азискиот куп и затоа нема да учествува на ова првенство.
На Светскиот Куп нема да игра актуелниот планетарен вицешампион Аргентина што е најголема сензација во овие квалификации.
Ждрепката за Мундобаскетот ќе се одржи на 29 април во Манила, а засега е познато дека САД ќе играат во група во Филипини, Словенија во Јапонија, а Канада во Индонезија, од комерцијални причини.
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири, а понатаму поминуваат првите две на табелата по што се формираат нови четири групи по четири селекции. Првопласираните две од овие групи одат во нокаут фазата, односно во четвртфиналето.
КОЈ СЕ КВАЛИФИКУВА ЗА МУНДОБАСКЕТОТ 2023
АФРИКА: Ангола, Зеленортски острови, Брег на Слоновата коска, Египет, Јужен Судан
АМЕРИКА: Бразил, Канада, Доминиканска Република, Мексико Порторико, САД, Венецуела
АЗИЈА: Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Либан, Нов Зеланд, Филипини
ЕВРОПА: Франција, Финска, Грузија, Германија, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Србија, Словенија, Шпанија