Силните полови разлики на почетокот на минатиот век резултирале со побуна кај жените кои биле свесни дека заслужуваат да се слушне нивниот глас ширум светот. Чекор по чекор, жените пред нешто повеќе од едно столетие се избориле за рамноправноста која сите припаднички на ’понежниот пол’ ја уживаат денес. Жените повеќе не се инфериорно поставени во однос на мажите од економски, политички и социјален аспект туку се еднакви.
Предизвици има и ден денес, во модерното општество каде жените се уште се обидуваат да го пронајдат своето заслужено место во општествено-политичкиот живот. Потребни се напори за афирмирање на жените како рамноправни членки во општеството, а се поголем број го одбираат спортот како алатка за тоа.
Само еден ден во годината не е доволен за потсетување дека жените се еднакви со мажите. Но од некаде мора да се почне.
Жени, бидете силни, самоуверени и верувајте во себе и своите способности! Среќен 8. март!