30.12.2019

Овој викенд во Скопје беше реализиран првиот семинар за втората генерација на тренери

Старт на едукацијата на втората класа на тренери

КФСМ не престанува со тренерската едукација. Овој викенд во Скопје беше реализиран првиот семинар за втората генерација на тренери

 

Околу четириесет тренери, овој викенд беа дел од првиот семинар од втората генерација на Едукацијата за тренери која ја спроведува Кошаркарската федерација на С.Македонија.

Согласно програмата, предавањата беа реализирани во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и во големата сала на спортско-рекреативниот центар „Кале“.

Во онаа уводна „предавачка сесија“, своите размислувања ги презентираа Професор д-р Ленче Алексовска – Величковска, Професор д-р Слободан Николиќ, Професор д-р Александар Ацески и Професор д-р Милан Наумовски.

На вториот ден од едукацијата беше реализирана и практичната настава. Поткрепена со индивидуалните презентации на неколку наши тренери како Горан Крстевски, Александар Јованчев, Ѓорѓи Кочов и Анета Глигорова.

Инаку, вториот дел од оваа едукација која ја спроведува нашата федерација ќе биде реализиран во дополнително одбран термин, кој одговара на потребите на пријавените тренери.