Три возрасни категории во машка конкуренција и две во женска конкуренција ќе се надигруваат претстојниот викенд во младинските категории. За кошаркарките ова ќе биде трет натпреварувачки викенд, додека за кошаркарите ќе биде прв викенд исполнет со натпревари.
Во возрасната категорија до 18 години, во машка конкуренција, овој викенд 24 екипи ќе ги одиграат првите натпревари за тековната натпреварувачка сезона 2019/2020. Осум од нив ќе се надигруваат во Првата лига (М18), преостанатите 16 во втората лига по ранг.
Дваесет екипи ќе се натпреваруваат во возрасната категорија до 16 години – осум од нив во Првата лига, дванаесет во Втората лига. Во возрасната категорија до 15 години, 14 екипи ќе ги одиграат првите натпревари.
Кај дамите, претстојниот викенд ќе се одиграат натпреварите од возрасната категорија до 16 години додека натпреварите од јуниорксата категорија (М18) ќе се одиграат идниот викенд.
Кошаркарската федерација на Северна Македонија им посакува успешна натпреварувачка сезона на сите клубови!