Кошаркарките, предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, вечерва во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготвителниот период, а пред она што ги очекува во текот на ова лето, настапот на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, за кошаркарки „Под 18“ години, кој ќе се одржи во литванските градови, Алитус и Вилнус, во периодот од 4. до 13. јули.

Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.
Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ „ПОД 18“ ЗА НАСТАП НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ - ЛИТВАНИЈА
Ања Начевска - Вардар
Мартина Џангаровска - Вардар
Јана Пислевска - Вардар
Теа Трајковска - Вардар
Бојана Николиќ - Вардар
Мила Начевска - Вардар
Дора Алексова - МЗТ Скопје
Ива Колева - Тим Арена - Штип
Теодора Мариновска - МЗТ Скопје
Глорија Груевска - Крива Паланка
Ангела Тасовски – Вардар
Антонија Тодоровска - Крива Паланка
Нена Китановска - Бадел 1862
Јана Чолакоска - Бадел 1862
Кјара Анастасова - Бадел 1862
Бранкица Мегленова - Пробаскет - Кавадарци
Лилјана Ѓорѓиева - Пробаскет - Кавадарци
Сара Ѓорѓиеска - Охрид
Мила Ќолчевска - Mercede Basket Alghero - ITA
Сара Белковска - Струга 2009
СЕЛЕКТОР: Виктор Петровски