09.11.2020

„Црвено-белите“ убедливо поразени од „студентите“ од Подгорица (69:98) на премиерата во регионалното натпреварување

СТАРТ НА ВОЗБУДУВАЊАТА ВО АБА 2 ЛИГАТА: Заморениот Работнички падна на првиот испит

Го продолшија оној пеколен ритам и со висок пораз го почнаа своето учество во АБA 2 лигата кошаркарите на Работнички.

Заморено изгледаа „црвено-белите“ во првите 40.минути од сезоната во регионалната лига, која ќе биде „преполовена“, и која наместо 26, ќе трае само 13. Кола.

Во она првото, Студентски град од Подгорица се покажа како далеку подобар противник. Најави сериозна кандидатура за највисок пласман во АБа 2 конкуренцијата

Студентски град – Работнички 98:69

На половина од првата четвртина црногорската екипа имаше солидни (13:7). Со тајм-аут ги прекина тренерот на Работнички, Димитар Мираковски. Да се обиде да го тргне, пред сè, грчот во играта на „црвено-белите“ присутен на почетокот на овој турнир на Златибор.

Тоа даде резултат, нашиот тим стигна до нерешен резултат (15:15).

Но таа уводна четвртина Студентски град ја заврши со серија од (9-0) со која се одвои на повеќе од солидни (24:15).

Од тој момент екипата од „Градски парк“ никако не успеваше да ја најде својата игра, уште помалку да ја стигне таа незгодна негатива која брзо се претвори во двоцифрена.

Имаа Црногорците плус оа 14. поени на полувремето (47:33), во кое биеја беспрекорно од линијата за слободни фрлања (14 од 14).

Но и максимално колективен пристап кон обврските. Дури десет играчи на Студентски град се запишаа во листата на стрелците.

Единствен кој поентерски парираше беше единствено високиот Вашингтон, стрелец на 11.поени.

По две минути од продолжението, Студентски град имаше предност и повеќе од 20.поени (57:35). Со видливи знаци на сериозен замор, без продолжена играчка ротација која ја бараат овие турнирски натпревари, „црвено-белите“ се предадоа. До истекот на третиот дел влегоа во уште поголема негатива од цели 30.поени (44:74), по што можеа да се „префрлат“ на следното коло од натпреварите во „балонот“ на Златибор. 

Во четвртиот меч во последните осум дена, толку од Работнички!

Претходно, на премиерниот меч од овој собир, екипата на Ловќен излезе како победник против Слобода Ужице, (95:92), а првиот натпреварувачки ден ќе заврши со натпреварот помеѓу Хелиос и Младост Земун.

Вториот македонски претставник, екипата на МЗТ Скопје Аеродром својот прв меч на турнирот ќе го игра утре, од 17.часот, против екипата на Подгорица.