31.08.2021

Прв противник на македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, на 26.ноември, ќе биде актуелниот светски шампион

Старт од соништата, квалификациите ги отвораме против Шпанија!

Прв противник на македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство ќе биде актуелниот светски шампион Шпанија со која треба да играме на 26 ноември.

Тоа е добро за нас бидејќи Шпанците нема да бидат комплетни во тој термин и ќе настапат со „втор“ состав, односно далеку од оној што во 2019 година ја освои титулата на Светското првенство во Кина. Во истиот прозорец на ФИБА гостуваме во Украина што значи дека ноемвриските дуели ќе бидат исклучително важни за конечниот исход. Во февруари два пати играме со Грузија, а квалификациите ги завршуваме во јули со Шпанија и Украина.

Се уште не се знае дали овие квалификации ќе се играат по стандардниот систем дома-гости или во „балони“, како што беше случај последната година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК2023
1. КОЛО - 26.11.2021

Грузија - Украина
Македонија - Шпанија
2. КОЛО - 29.11.2021
Шпанија - Грузија
Украина - Македонија
3. КОЛО - 24.02.2022
Шпанија - Украина
Грузија - Македонија
4. КОЛО - 27.02.2022
Украина - Шпанија
Македонија - Грузија
5. КОЛО - 01.07.2022
Шпанија - Македонија
Украина - Грузија
6. КОЛО - 04.07.2022
Грузија - Шпанија
Македонија - Украина