Во најсилната конкуренција, односно М–18 (Мажи), по доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари, во оваа категорија пријавени се вкупно 26 екипи и истите ќе бидат поделени во Прва и Втора лига.
СОСТАВ НА ЛИГИТЕ
ПРВА ЛИГА: ФЕНИКС 2010, РАБОТНИЧКИ, 03. КУМАНОВО, 04. МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ, ВОДНО САНС, ВАРДАР, ТФТ, ШКУПИ
ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Н.А.ФМП, РАБОТНИЧКИ 2018, СТРУМИЦА, ЕУРО НИКЕЛ 2005, КОЖУВ, ДИНО БАСКЕТ, БОРЕЦ БАСКЕТ, РИНИА, АНГЕЛИ
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: ЦРН ДРИМ, ГОСТИВАР, ПЕЛИСТЕР, ЧАИР 2030, ВОДНО САНС 2, АЛБЕС, ДЕНИ 4, ВАРДАР 2014, ФЕНИКС 2010 2
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Прва лига
Лигата ќе биде составена од осум (8) екипи, земајки го во предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18).
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно четиринаесет (14) кола.
По одигрување на натпреварите од четиринаесет (14) кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем, односно дополнителни осум (7) кола.
По одигрување на натпреварите од првата фаза дваесет и едно (21) коло и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува на следниот принцип.
Втора фаза
Првопласираните четири (04) екипи од ПРВА лига во разигрувањето од прв круг се слободни.
Второпласираните четири (04) екипи од ПРВА лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со Првопласираните четири (04) екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од ВТОРА лига, по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ (прв круг):
1 нат: П5 – В4
2 нат: П6 – В3
3 нат: П7 – В2
4 нат: П8 – В1
(П) Прва лига
(В) Втора лига
Натпреварите се играат во два (2) добиени натпревари по систем домакин–гостин-домакин, при што првоименуваната екипа е домакин на првиот натпревар.
Победниците од разигрувањето се пласираат во Четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.
Трета фаза
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран А1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран А2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран А3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран А4 – Победник од 1 нат,
Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домакин–гостин-домакин, при што првоименуваната екипа е домакин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на Финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за Државен првак за нат.сезона 2021/2022.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
-Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето (03) место.
-Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2021/2022 година.
Дополнителни термини ќе се одредат според Календарот за натпреварување, за секој степен на натпреварување – посебно.
Местото за одигрување на натпреварите од Финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на Комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја превземе КФСМ.
Доколку организацијата на Финалниот турнир, биде доделена на некој од клубовите учесници на Финалниот турнир, организаторот е должен на Здружение за Млади – МКК, да уплати износ од 20.000,00 денари и воедно ја превзема целокупната организација за одигрување на турнирот (сите трошоци).
Доколку клубот победник на лицитацијата за организатор на Финалниот турнир СЕ ОТКАЖЕ од организација на истиот, ЌЕ се КАЗНИ со парична казна во висина на 50 % од постигнатата цена со која победил на лицитацијата за организатор на Ф4.
Доколку клубот НЕ ЈА УПЛАТИ изречената казна од претходната точка (4.7), НЕМА да може да настапи на Финалниот турнир.
Доколку организацијата ја превземе КФСМ, сите настанати трошоци во врска со организацијата за одигрување на Финалниот турнир (сала, надомест за службените лица на натпреварите, патни трошоци за службените лица и екипите, останати трошоци по составување на финансискиот план, ќе се делат на четири (4) дела, за секоја екипа учесник – ПОДЕДНАКВО.
ВТОРА ЛИГА
Лигата ќе биде поделена во две групи (ИСТОК и ЗАПАД) и истите ќе бидат составени од исток (9) екипи и запад (9) екипи, земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18) и новопријавените екипи за следнава натпреварувачка сезона.
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, Исток осумнаесет (18) кола, Запад осумнаесет (18) кола.
По одигрување на натпреварите од осумнаесет (18) кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем односно дополнителни седум (7) кола за прво пласираните 4 четири екипи од групите исток и запад.
По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман вкупно 4 четири екипи од ВТОРА лига, натпреварувањето продолжува на следниот принцип.
Втора фаза
Првопласираните четири (4) екипи ќе се пласираат за понатамошно разигрување.
Второпласираните четири (4) екипи од ПРВА лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со Првопласираните четири (04) екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од ВТОРА лига по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ (прв круг):
1 нат: П5 – В4
2 нат: П6 – В3
3 нат: П7 – В2
4 нат: П8 – В1
(П) Прва лига
(В) Втора лига
-Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домакин–гостин-домакин, при што првоименуваната екипа е домакин на првиот натпревар.
-Победниците од разигрувањето се пласираат во Четвртфинале и ќе
разигруваат по следниот принцип.
Трета фаза
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,
Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домакин–гостин-домакин, при што првоименуваната екипа е домакин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на Финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за Државен првак за нат. сезона 2021/2022.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
-Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето (03) место.
-Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2021/2022 година.
Термини за одигрување на натпреварите:
ДОПОЛНИТЕЛНО ќе се одредат според Календарот за натпреварување, за секој степен на натпреварување – посебно.
Местото за одигрување на натпреварите од Финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на Комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја превземе КФСМ.
-Доколку организацијата на Финалниот турнир, биде доделена на некој од клубовите учесници на Финалниот турнир, организаторот е должен на Здружение за Млади – МКК, да уплати износ од 20.000,00 денари и воедно ја превзема целокупната организација за одигрување на турнирот (сите трошоци).
-Доколку Клубот победник на лицитацијата за организатор на Финалниот турнир СЕ ОТКАЖЕ од организација на истиот, ЌЕ се КАЗНИ со парична казна во висина на 50 % од постигнатата цена со која победил на лицитацијата за организатор на Ф-4.
-Доколку Клубот НЕ ЈА УПЛАТИ изречената казна од претходната точка (4.7), НЕМА да може да настапи на Финалниот турнир.
-Доколку организацијата ја превземе КФСМ, сите настанати трошоци во врска со организацијата за одигрување на Финалниот турнир (сала, надомест за службените лица на натпреварите, патни трошоци за службените лица и екипите, останати трошоци по составување на финансискиот план, ќе се делат на четири (4) дела, за секоја екипа учесник – ПОДЕДНАКВО.