30.06.2021

Кој ќе биде летниот 3х3 шампион?!

Стартува летната 3х3 лига со турнир во скопски Аеродром

По нешто повеќе од една година пауза од оправдани причини, 3х3 летната лига се враќа на баскет-терените ширум Македонија.

Сезоната, која е предвидена да трае до крајот на летниот период, ќе започне веќе претстојниот викенд. 
Здружението „3х3 Macedonia“ ќе продолжи со своите активности и заедно со Кошаркарската Федерација и Агенцијата за Млади и Спорт ќе го организира првиот турнир од летната лига „3x3 Summer Tour 2K21“ в сабота на 3. јули 2021 година.

Скопската општина Аеродром ќе биде домаќинот на првиот турнир, поточно салата „Ново Лисиче - Дупка“.

Пријавувањето веќе е во тек на info@3x3macedonia.mk.

Повеќе детали за првиот турнир и за летната лига во деновите што следат.