12.10.2021

Денеска, од 18.часот, „металците“ против Младост од Земун, утре од 15, Пелистер дебитира против Ловќен од Цетиње

Стартува новата сезона во АБА2: Колку можат „искусниот“ МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот Пелистер?

Во текот на вчерашниот дек, на Златибор, стартуваше новата сезона во регионалното натпреварување

Сезона во која повторно ќе се игра турнирски, планирано е одигрување на неколку од оние „т.н. „балони“.

А домаќин на првиот „балон“ е Златибор, слично како лани. Но разликата е во тоа што друштво на МЗТ Скопје Аеродром во оваа сезона, за прв пат во историјата на клубот, ќе му прави Пелистер кој е дебитант во ова натпреварување.

По одигрувањето на првите три меча од првото коло, денеска на ред се уште три. А еден од нив е резервиран за настап на популарните „металци“.

Прв противник на МЗТ Скопје Адродром е еден од фаворитите за највисок пласман Младост Земун, а натпреварот се игра денеска, со почеток од 18 часот. Екипата на Пелистер, пак, утре од 15. часот, ќе го затвори првото коло со пресметката против Ловќен.

Турнирот во Златибор ќе трае до 15 октомври, а во второто коло МЗТ Скопје Аеродром игра против Рогашка од Словенија, додека екипата на Пелистер се среќава со Сутјеска од Црна Гора.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ И ПЕЛИСТЕР

1. КОЛО:

12.ОКТОМВРИ (ДЕНЕСКА):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Младост

13. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

15.00: Ловќен – Пелистер

2. КОЛО

14.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК):  

21.00: Рогашка – МЗТ Скопје Аеродром

15. ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.00: Пелистер – Сутјеска