19.10.2020

За многу кратко време по одигрувањето на „Фајнал-Ејт“ турнирот, утре вечер почнува новото издание на ФИБА Лигата на Шампионите.

Стартува новата сезона во ФИБА Лигата на шампионите

Претходно, следејќи ги најновите случувања на пандемијата КОВИД-19, Извршниот Одбор на ФИБА Лигата на шампиони одобри промена на форматот за регуларната сезона 2020/2021.

Со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службените лица, но исто така и да се обезбеди фер натпреварување, редовната сезона во ФИБА Лигата на Шампионите ќе се игра во осум групи од по четири тима, наместо досегашниот формат, четири групи од осум.

Во првата недела од новата сезона ќе се играат натпреварите од сегментот „А-Д“.

Честа да го одиграат првиот меч во новата сезона ќе ја имаат кошаркарите на Тенерифе и Бакен Беарс, односно Дижон и Керавнос (двете средби почнуваат од 20.30 часот).

Ден подоцна ќе разигруваат Нижњи Новгород-Фалко, Старт Лублин-Сарагоса, Динамо Сасари-Галатасарај и Шоле-Хапоел Холон, иако тој меч е ставен под знак на прашалник поради присуство на коронавирусот кај францускиот претставник.

Наредната недела (27. и 28. октомври), ќе се играат натпреварите од „Е-Х“ сегментот.

СОСТАВ НА ГРУПИТЕ

ГРУПА А: Динамо Сасари (Италија), Галатасарај (Турција), Тенерифе (Шпанија), Бакен Беарс (Данска)

ГРУПА Б: Нимбурк (Чешка), Дижон (Франција), Тофаш (Турција), Керавнос (Кипар)

ГРУПА Ц: АЕК (Грција), Шоле (Франција), Хапоел Холон (Израел), Цмоки Минск (Белорусија)

ГРУПА Д: Сарагоса (Шпанија), Фалко (Унгарија), Нижњи Новгород (Русија), Старт Љублин (Полска)

ГРУПА Е: Перистери (Грција), Ритас Виљнус (Литванија), Стразбур (Франција),  

ГРУПА Ф: Бросе Бамберг (Германија), Фортитудо Болоња (Италија), Пинар Каршијака (Турција), Билбао (Шпанија)

ГРУПА Г: Хапоел Ерусалим (Израел), Лимож (Франција), Турк Телеком (Турција), Игокеа/Спортинг

ГРУПА Х: Дарушафака (Турција), Остенде (Белгија), Бриндизи (Италија), Сан Пабло Бургос (Шпанија)