19.05.2021

Натпреварите од доигрувањето, ќе дадат одговор на главното прашање во сезоната 2020/2021

СТАРТУВА ПЛЕЈ-ОФОТ: Куп-трофејот го зема МЗТ, кој ќе стигне до  шампионскиот?

Денеска се играат првите четвртфинални натпревари од плеј-офот за шампионската титула. Осум екипи, секоја од нив со свои очекувања, тргнуваат во трката за најголемата награда – државен првак.

Двојките во оваа фаза се исти како во четвртфиналето од Купот кое се играше во изминатиот викенд, а ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, и по забрзан ритам, среда-петок-недела.

Ако се суди според игрите во првиот дел, односно оние 22. кола, прв фаворит е Пелистер кој киксираше во Купот, но за разлика од тоа натпреварување, сега има можност за поправен.

Од друга страна, најинтересно во четвртфиналето се очекува да биде во серијата меѓу Еуро Никел 2005 и Гостивар.

Кавадарчани славеа убедлива победа во четвртфиналето од Купот, но во плеј-офот нема да играат во својата сала како домаќин, туку во Гевгелија бидејќи „Јасмин“ последните недели е претворен во центар за вакцинација.

Земајќи ја предвид епидемиолошката состојба во земјава, поточно намалување на рестриктивните мерки, одлучено е дека во овој момент постојат услови натпреварувањето во тековната натпреварувачка сезона 2020/2021 година во Прва лига-мажи да се заврши без одигрување во т.н. „балони“.

Доигрувањето ќе се реализира со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството согласно конечната табела по одигрување на дваесет и двете (22) кола.

Натпреварите од доигрувањето, односно плеј-офот - четвртфиналната, полуфиналната и финалната фаза, ќе се играат во периодот:

• Четвртфинале, 19.05.2021 (среда), 21.05.2021 (петок) и 23.05.2021 (недела),

• Полуфинале, 26.05.2021 (среда), 28.05.2021 (петок) и 30.05.2021 (недела),

• Финале, 02.06.2021 (среда), 04.06.2021 (петок), 06.06.2021 (недела), 08.06.2021 (вторник) и 10.06.2021 (четврток), кога би го имале и новиот шампион за сезоната 2020/2021 година

 

ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ПРВ НАТПРЕВАР

ДЕНЕСКА:

17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/l5RKBqqQKmY

17.00: Работнички – ТФТ  (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“  Скопје

https://youtu.be/Ja-lKHbvl7Y

18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/DDPruAGw3bk

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009

Сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

https://youtu.be/CpbppyaJacU