По турнирите во Скопје и во Призрен, од денеска, Софија е местото на собир на талентираните млади кошаркари, родени 2008 година, од пет национални федерации од Балканот.
Во периодот од 5. до 8. мај, нашите селекции „Под 14“ години и во машка и во женска конкуренција, во главниот град на Бугарија ќе одиграат уште по четири натпревари со врсниците од Косово, Бугарија, Романија и Турција.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА НАШИТЕ СЕЛЕКЦИИ
5. МАЈ (ЧЕТВРТОК)
13.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (ж)
15.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (м)
6.МАЈ (ПЕТОК)
18.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (ж)
20.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (м)
7. МАЈ (САБОТА)
14.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (ж)
16.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (м)
8. МАЈ (НЕДЕЛА)
13.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (ж)
15.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (м)
*Сатнините се според локално време