16.08.2020

Во наредните седум дена во Маврово ќе биде реализиран кампот за млади и перспективни кошаркарски таленти

Стартува втората фаза на селектирањето на играчи родени 2007 и 2008 година

Кошаркарите и кошаркарките во рамки на оваа трета генерација се на возраст од 12 до 14 години, кои, согласно со плановите, низ два годишни национални кампови и пет меѓународни турнири ќе се изградат на спортски и социјален план.

За првпат е ставен акцент на работа со најмладите категории - 12 и 13 години со можност на тренерите кои ги водат соодветните генерации, освен оние кошаркар(к) родени 2007 и 2008 година, да вклучат и помали возрасни категории.

Инаку третата генерација на млади и перспективни кошаркарски таленти, момчиња и девојчиња, КФСМ ќе ја реализира во текот на наредните две години

Во исто време, седумдневниот собир во Маврово  претставува старт на  најдолгорочниот проект, кој ќе влезе во петта година во низа на спроведување, како и најуспешен мултиетнички, мултинационален проект во кој се вклучени пет држави.

Тековниот проект, втората генерација од проектот, моментално е во прекин поради пандемијата од COVID-19.

Во изминатиот период, кандидатите за место во најмладите репрезентативни селекции во машка и во женска конкуренција напорно работеа во СРЦ „Кале“. А 12. тренери во оние четири групи одбраа по 15. кошаркар(к)и кои ќе бидат дел од кампот во Маврово кој стартува денеска, а чиј главен тренер-координатор ќе биде нашиот познат кошаркарски стручњак,Тане Спасев.


Согласно протоколот за работа на кошаркарските клубови при системот на КФСМ, за превенција и заштита од Ковид-19, со помош на приватната клиника „Жан Митрев“, вкупно 60. кампери во две возрасни категории, тренерите, лекарскиот и техничкиот персонал, учесници на кампот го реализираа задолжителниот тест за Ковид-19.

По увидот на комплетните резултати добиени од клиниката ,Жан Митрев“, кај сите учесници на кампот беа забележани негативни тестови.

Селекција М12 - машки

Жарко Терзиевски

Филип Алексовски

Љубен Ефтимовски

Ѓорѓи Цветковски

Григориј Ѓорѓевиќ

Дамјан Данев

Лука Пјевац

Христијан Миленовиќ

Андреј Митков

Иван Мијалов

Лео Созовски

Дарјан Златески

Дамјан Стојаноски

Кирил Петковски

Алексеј Нешовиќ

ТРЕНЕРИ

Драган Василов

Марјан Ѓуров

Мартин Атанасовски

Селекција М13 - машки

Никола Јаничиќ

Ѓорѓи Кузмановски

Мартин Атанасов

Глигор Цаневски

Сергеј Петровиќ

Стефан Сапроновски

Илин Најков

Лука Марјановиќ

Матеј Митревски

Марион Лазов

Павел Дуев

Мартин Геговски

Борјан Китановски

Андреј Гаштарски

Дамјан Павловски

ТРЕНЕРИ

Горан Андреевски

Марко Трајковски

Ерхан Рамадан

Селекција М12 - женски

Теодора Ѓорѓиевска

Теодора Мариновска

Лора Ристеска

Ана Станојковска

Нарта Ферати

Дора Алексова

Ива Димитријевиќ

Јана Пислевска

Јана Кукунешоска

Јована Димовска

Сара Сулејмани

Илина Несторовска

Меланија Тасковска

Мила Начевска

Ана Марија Ѓорѓеска

ТРЕНЕРИ

Јелена Антиќ

Јасмина Герасимовска Николиќ

Пепа Ташева

Селекција М13 - женски

Ања Начевска

Бојана Анастасијеска

Лана Симиќ Гацова

Лара Малиновска

Бојана Николиќ

Дејана Стојановска

Нена Китановска

Нена Георгиевска

Ана Алексиеска

Сара Балкоска

Ангела Ангеловска

Мила Радевска

Ива Каранфилоска

Јана Чолакоска

Анастасија Стојановска

ТРЕНЕРИ

Горан Даниловски

Атанас Димов

Симона Деловска