10.02.2021

Од денеска , тренинзите ќе се одвиваат во двете сали на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Стартуваа подготовките на сениорите, поштеда за Симоновски

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги стартуваше мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм (Русија).

На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13. часот, во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Русија, се појавија сите повикани кандидати.

Поради болки во пределот на листот на десната нога, првиот тренинг превентивно, го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап.

Инаку, во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири, со почеток од 13. часот, додека оној последниот, во недела, на 14.февруари, ќе биде од 15. часот.  

На 15. февруари, во раните утрински часови, со специјален чартер-лет кој го обезбеди нашата федерација, е планирано тргнувањето за Перм.

НАПОМЕНА: Фотогалеријата од првиот тренинг на нашито национален тим можете да ја погледнете и превземете одредени фотографии на Фејсбук профилот на КФСМ