29.06.2021

Во центарот на вниманието во наредните денови, Белград, Сплит, Каунас и Викторија

Стартуваат олимписките квалификации – има уште четири слободни места за Токио

Од денеска, па се до 4. јули во четири града, Белград, Сплит, Каунас и Викторија, стартуваат олимписките квалификации во оној машки сегмент.

Вкупно 23. селекции од целиот свет (во последен момент испадна Сенегал, поради проблеми со Ковид-19, не отпатуваа за Белград), ќе се обидат да бидат првопласирани на турнирите во Србија, Хрватска, Литванија и Канада.

Согласно со системот за натпрварување, на секој од турнирите има по две групи со по три селекции учесници кои играат според „Раунд-Робин“ системот. Првопласираните две репрезентации од секоја група, обезбедуваат пласман во полуфиналето, а победниците од полуфиналните мечеви ќе играат за билет за Токио.

Првата група ќе се игра во Белград, каде составот на репрезентациите е Доминиканска Република, Филипини и Србија, односно Италија и Порторико кои се веќе со обезбеден пласман во полуфиналето поради неиграњето на Сенегал.

Во Каунас, како дел од групата „А“ се Литванија, Кореја и Венецуела, а Ангола, Полска, и Словенија во групата „Б“.

На турнирот во Сплит, групата „А“ ја сочинуваат Германија, Мексико, и Русија, а групата „Б“, Бразил, Тунис и домаќинот – Хрватска.

Во онаа, за нас, најдалечната, во канадскиот град Викторија, ќе играат: Канада, Кина и Грција (група „А“) односно Чешка Турција и Уругвај, како дел од групата „Б“.

Победниците на четирите турнири ќе им се приклучат на осумте селекции кои веќе обезбедија место на олимпискиот турнир во Токио: Аргентина, Австралија, Франција, Иран, Нигерија, Шпанија, САД и домаќинот – Јапонија.  

ТУРНИР – БЕЛГРАД

ГРУПА А: Доминиканска Република, Филипини, Србија

ГРУПА Б: Италија, Порторико

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ДЕНЕСКА

20.15: Доминикана – Србија

30.ЈУНИ (СРЕДА)

20.15: Србија – Филипини

1. ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

16.30: Италија – Порторико

20.30: Филипини - Доминикана

ТУРНИР – КАУНАС

ГРУПА А: Литванија, Кореја, Венецуела

ГРУПА Б: Ангола, Полска, Словенија

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ДЕНЕСКА

15.30: Полска – Ангола

18.30: Литванија – Венецуела

30. ЈУНИ (СРЕДА)

15.30: Ангола – Словенија

18.30: Венецуела – Кореја

1.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

15.30: Словенија – Полска

18.30: Кореја - Литванија

ТУРНИР – СПЛИТ

ГРУПА А: Германија, Мексико, Русија

ГРУПА Б: Бразил, Тунис, Хрватска

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ДЕНЕСКА

16.30: Германија – Мексико

20.00: Тунис – Бразил

30.ЈУНИ (СРЕДА)

16.30: Мексико – Русија

20.00: Бразил – Хрватска

1.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

16.30: Русија – Германија

20.00: Хрватска - Тунис

ТУРНИР – ВИКТОРИЈА

ГРУПА А: Канада, Кина, Грција

ГРУПА Б: Чешка Турција, Уругвај

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ДЕНЕСКА

01.05: Грција – Канада

04.35: Уругвај - Турција

30.ЈУНИ (СРЕДА)

01:05: Канада – Кина

04.35: Турција - Чешка

1.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

01.05: Кина – Грција

04.35: Чешка - Уругвај