30.09.2020

Одлични 14.поени и 4. асистенции за Ненад Димитријевиќ во првиот триумф во новата европска сезона

Стартуваше Еврокупот: Хувентуд со пресврт го совлада Партизан

Голем пресврт и уште поголема победа реализираа кошаркарите на Хувентуд во првото коло од групата „А“ од Еврокупот и дуелот против белградски Партизан.

Со убедливи (24:11) во последната четвртина, Ненад Димитријевиќ и соиграчите ја надокнадија двоцифрената негатива, и славеа триумф од (85:82)

Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч. За 20:15 минути во игра, постигна 14.поени (2/2 за три, 4/9 за два и 0/1 за еден поен). Освен тоа, македонскиот репрезентативец имаше и четири додавања, и по една освоена односно загубена топка на оваа средба на која беше дозволен влез на одреден број на публика во салата во Бадалона.