26.09.2020

Тимот од Данкерк имаше кошмарен почеток во француската елита, убедлив пораз од Левалоа (57:89), и десет поени за Стојановски

Стартуваше и француската ЛНБ лига: Гравелин се загуби на гостувањето во булоњската шума

Гравелин имаше очаен старт на гостувањето во Булоњ против екипата на Левалоа. Уште во првата четвртина домашната екипа направи висока разлика. Поведе со (27:9), бегатива од која тимот на Војдан Стојановски не успеа да се опорави.

Левалоа - Гравелин Данкерк (89:57)

Навистина, до полувремето гостите од Данкерк симнаа пет поени од високата негатива (33:46). Период од игра во кој Стојановски реализираше два поени (1/4 во шутот од поле) и имаше една освоена топка за нецели десет минути во игра.

Во продолжението, домашната екипа одново одигра одлично во дефанзивата, ги оставија гостите на само седум поени. Дадоа 25, и во третиот период „побегнаа“ на недостижни (71:40).

До крајот на овој премиерен меч во ЛНБ лигата, капитенот на нашиот национален тим реализираше уште осум поени, или вкупно десет (4/8 за два и 2/3 за еден поен). Додаде и  две освоени топки, еден скок, и една загубена топка за нецели 24:25 минути на паркетот.