Со присуство на претставници од кошаркарските федерации на Македонија , Кипар и Бугарија, покрај ЕЕЗ која е и координатор, но и соработувачките образовни/социјални организации АКМИ-Интернационал и ЦСИ, средбата која се одржа во канцелариите на Грчката федерација, го означи официјалното започнување на програмата: „Елиминирање на родовото насилство во кошарката“.

Станува збор за европска програма, усогласена со соодветната Национална програма, која има за цел рано препознавање и третман на злоупотреба и насилство врз деца и адолесценти-спортисти.

По иницијативата на федерациите од овие простори, отворено е уште едно ново поглавје во кошаркарскиот спорт. За особено чувствителни прашања кои се однесуваат на децата и адолесцентите, поради што е и планирана оваа важна акција со свест за општестевна одговорност, да се учествува во управувањето со проблемите што се однесуваат на децата и адолесцентите и кои го засегаат општеството, не само на овие балкански простори.