04.11.2019

Статистички лидери: Четврто коло ПЛМ

Четири натпреварувачки кола се одиграни од вкупно 18 предвидени во рамки на регуларниот дел на сезоната во првата лига во машка сениорска конкуренција. Табелата на десетте провлигаши и по ова коло останува непроменета. На врвот стои непоразениот Работнички кој четвртата победа ја запиша против Пелистер со 81-70.

Од второто до петтото место на табелата се Кожув, Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел 2005 кои имаат три победи и по еден пораз. Четирите клуба изминатиот викенд запишаа победи - Кожув го совлада тимот на МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 112-65, Гостивар беше подобар од Вардар со 55-86, Еуро Никел 2005 триумфира над Академија ФМП со 85-69, а МЗТ Скопје Аеродром против Куманово 2009 со 75-58. На дното на табелата се Академија ФМП и МЗТ Скопје УНИ БАНКА, се уште без триумф на своето конто.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од четвртото одиграно коло.

Четвртото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.