17.10.2019

Статистички лидери: Прво коло ПЛМ

Со натпреварот помеѓу екипите на Работнички и на МЗТ Скопје УНИ БАНКА се комплетира првото коло од Првата лига во машка сениорска конкуренција за натпреварувачката сезона 2019/2020. 

Искусниот Работнички славеше над новајлијата во прволигашката конкуренција со 103-58.

Останатите натпревари од првото коло се одиграа минатата сабота. Дуелот помеѓу Вардар и Еуро Никел 2005 ја отвори новата сезона во оваа конкуренција. Во финишот, триумфираа кавадарчани во Скопје со 82-92. Кожув и МЗТ Скопје Аеродром одиграа исклучително резултатски тесен натпревар, а актуелниот шампион ги впиша двата бода на своето конто по истекот на 40. минута (76-78). Вториот новајлија за првата лига во оваа сезона, Академија ФМП, одигра едно одлично полувреме парирајќи му на Гостивар, но во второто полувреме гостиварци со полна пареа го запишаа првиот триумф со 95-75. Последниот дуел на саботниот распоред, помеѓу Куманово 2009 и Пелистер заврши со победа на домаќините со 84-79.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од првото одиграно коло.

Второто коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.