25.11.2019

Статистички лидери: Седмо коло ПЛМ

По седум одиграни натпреварувачки кола за тековната 2019/2020 сезона, Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром стојат на врвот на табелата во Првата лига во машка сениорска конкуренција, на дното останува МЗТ Скопје УНИ БАНКА без ниту една победа.

Вечното градско дерби помеѓу екипите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром го одбележаа седмото коло за оваа сезона. Актуелниот шампион не му остави простор за резултатски пресврт на најтрофејниот клуб, совладувајќи го со 68-93 среде „Градски Парк“.

Куманово 2009 му го нанесе седмиот пораз на тимот на МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 95-65, слична ’судбина’ го снајде и Вардар откако на гости кај Академија ФМП го запиша својот втор највисок пораз (95-66). За кошаркарите на ФМП, ова е втора победа, откако во петтото коло го совладаа дотогаш непоразениот Работнички.

Кожув славеше на гости кај Пелистер со 66-80, Гостивар ја израдува домашната публика со шестата победа, овој пат против Еуро Никел 2005 со 94-87.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од седмото одиграно коло.
Осмото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.