18.11.2019 Шест кола од вкупно 18 во регуларниот дел на сезоната досега одиграа клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција. Три клуба го делат врвот на табелата - Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел 2005 со по 11 бода кои се базирани на пет победи и еден пораз. На дното на табелата е МЗТ Скопје УНИ БАНКА без ниту една победа. Во рамки на шестото коло, Гостивар ја запиша петтата победа против МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 76-106, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Академија ФМП со 78-62 додека Еуро Никел 2005 го совлада тимот на Работнички со 78-76. Куманово 2009 загуби на гости кај Кожув со 83-63, Пелистер беше посилен од Вардар со 71-95. На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од шестото одиграно коло. Седмото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.