27.10.2019

Статистички лидери: Трето коло ПЛМ

По три одиграни кола во Првата лига во машка сениорска конкуренција, Работнички стои на врвот на табелата без ниту еден пораз. Без ниту еден триумф пак, на дното на табелата се новајлиите во прволигашката конкуренција - Академија ФМП и МЗТ Скопје УНИ БАНКА.

Сите натпревари беа одиграни в сабота (26.10.2019), а победите отидоа во рацете на Вардар, Гостивар, Кожув, Пелистер и Работнички.

За Вардар и за Пелистер тоа беа првите победи за оваа натпреварувачка сезона. Вардарци триумфираа со 75-95 на гости кај МЗТ Скопје УНИ БАНКА додека победата што ја запишаа Пелистер со 92-77 против Академија ФМП беше воедно и првиот натпревар на битолчани одигран на домашен терен.

Гостивар го испрати актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром дома со 80-78, а Кожув ја демонстрира својата доминација со 86-61 над Еуро Никел 2005. Нашиот најтрофеен кошаркарски колектив Работнички од Куманово си замина со нов триумф со 70-72 и со нови два бода на своето конто.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од третото одиграно коло.