Второто натпреварувачко коло во Првата лига во машка сениорска конкуренција се комплетира со дуелот помеѓу екипите на Работнички и Гостивар, одигран синоќа во Скопје.
Центарци славеа со поени реализирани со звукот на сирената откако речиси целиот натпревар ја бркаа резултатската негатива наметната од гостинот. Последната акција на момците на Димитар Мираковски се покажа како најуспешна, за конечен триумф на црвено-белите од 91-90.
На натпреварите од саботниот репертоар, Кожув славеше на гости кај Вардар со 64-85, а Еуро Никел го испрати Пелистер дома со 91-69. Академија ФМП го одигра првиот натпревар на домашен терен во Првата лига, но немаше доволно сила за да слави против Куманово (80-93).
Второто коло го отворија двете екипи од скопски Аеродром – МЗТ Скопје Аеродром и МЗТ Скопје УНИ БАНКА. Искусниот прволигаш славеше над новајлијата во Првата лига со 108-77.
На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од второто одиграно коло.
Третото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.