Два натпревари се зад нашите најдобри кошаркари во квалификациите за Светскиот Куп 2023 година. За жал, два порази запишаа оние 12. избраници на селекторот Драган Бајиќ во дуелот со Шпанија и со Украина во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“.
А што велат оние индивидуални параметри за играта на нашиот национален тим во овие мечеви во Скопје односно во Киев?
Ако се мери „степенот на корисност“, Џејкоб Вајли има најдобри индивидуални бројки. Силниот Американец е прв поентер во тимот, со просек од 11. поени по натпревар.
Освен тоа е и прв скокач, затоа што во просек има по седум скока по натпревар. Или индекс на ефективност од 12.5.
Двоцифрен број на поени во овие натпревари има и Теодор Симиќ, 10.5 најмногу благодарение на одличното издание на средбата со Шпанија во Скопје, кога реализираше 18. поени.
Шестмина од составот на Бајиќ играле 20 и повеќе минути. Најмногу, па и помалку изненадувачки, Кристијан Николов – по 27.4 минути. Зад него е Дамјан Робев со 25.5, додека новиот капитен Бојан Крстевски, играше по 23.
Николов e прв асистент во нашата селекција, оствари просечни шест додавања по натпревар, но има и најмногу загубени топки – по 3.5.
Од друга страна, Дамјан Робев има по 2.5 освоени топки.
Десет од овие 12. кошаркари настапија на двата меча во квалификациите. По еден одиграа Виктор Ефремовски и Кирил Николовски (не добија шанса во Киев).
Во просек, Македонија реализираше по 63.поени на двата натпревари, а прими во просек по 86. поени.